Loading Video...
Македонија
3. January 2021 - 16:43

Анализа: Опаѓа смртноста од Ковид-19

Голем оптимизам во новата година донесе последната анализа на списанието Јама Интерна медицина. Смртноста како последица од Ковид19 се намалува. Американските автори ги споредиле податоците од 955 болници во САД на 40.000 пациенти. Смртноста се намалила од 16,56% на 9,29% во раниот период од оваа студија периодот од јануари до април  во споредба со периодот од мај до јуни 2020.

Слични проценти на подoбрувања забележуваат и други студии. Велика Британија откри намалување на смртноста од 41,4 % во март на 24,8% во јуни. Во Њујорк смртноста во болница опадна од 25,6 на 7,6 помеѓу март и август.

Од првиот бран сериозни случаи, лекарите извлекле искуства кои се најдобрите начини за лекување на оваа сериозна инфекција. Стероидите може да ја намалаат смртноста кај пациентите со респираторна инсуфиенција, Ремдесивир може да го намали бројот на хоспитализација на пациенти со сериозни болести,користењето  на неинвазивна вентилација и терапија со висок проток на кислород е подобра терапија отколку респиратор.

Лекувањето од аспект на болнички капацитети е подобро во помали средини покажува оваа анализа а една од причините е тоа што болниците не работат добро кога се преполни.

Епидемиолошкиот фактор кој влијаел за намалување на морталитетот како последница на вирусот,покрај подобрената болничка нега, влијание имало и тоа што пациентите внесувале помала доза од вирусот. Тоа се должи на поголемата превенција, односно во првиот бран поради тоа што луѓето  не носеле маски и не  одржувале социјална дистанца се заразувале со поголема доза од вирусот и имале потешки последици. Во подоцнежниот период кога превенцијата станува се посериозна се намалило количеството на заразата која се пренесувала.