Македонија
27. January 2022 - 16:41

Анализа: Онлајн екстремизам и говор на омраза во Македонија

Преспанскиот договор и Шарената револуција ги подели македонските граѓани на патриоти и предавници. Ова го покажува истражувањето на Институтот за стратешки дијалог за он-лајн екстремизам во Македонија, кое го спроведе Симеон Дукич, Македонец кој веќе 4 години живее и работи во Лондон.

Со прегледи на над 1 милион и 200 илјади податоци, видеа и коментари на фејсбук, твитер, јутјуб и телеграм, Симеон забележува дека постои силен говор на омраза и поделеност на Македонците по политичка, верска и етничка основа. Покрај патриоти и предавници, неретко на социјалните мрежи можел да прочита и навреди како „северџани“, па дури и „бањати“ и „небањати“.

Остстранувањето на оваа содржина од социјалните мрежи Симеон смета дека нема да го реши проблемот. Затоа во својата анализа нуди 5 препораки и начии како оваа поделба меѓу Македонците може да се надмине.

Вели дека е клучно државните институтции да ја зајакнат соработката и со граѓанските организации и со платформите како фејсбук, твитер и јутјуб, компании кои немаат доволно разбирање за јазичниот и културниот контекст во Македонија.

Во истражувањето се опфатени само две џихадистички организации, привразаници на ИСИС, кои шират и повикуваат на екстремизам. Симеон вели дека овие групи  иако се многу активни на социјалните медиуми, новото пронаоѓање и следење е многу тешко, најчесто поради тоа што тие со текот на годините го променија начинот на изразување, а користат и инкриптирани програми кои не се достапни за јавноста.