Македонија
7. December 2018 - 16:22

Анализа: НАТО ќе донесе безбедност но и економски просперитет

Намалувањето на безбедносниот ризик и меѓуетничките тензии се главните аргументи поради кои Македонија треба да влезе во НАТО.

Политичарите и експертите согласни - НАТО значи безбедност и шанси за поголем економски раст.

Ако се следат досегашните искуства, Македонија во период од пет години по зачленувањето во НАТО може да очекува удвојување на Бруто домашниот производ, четирикратно зголемување на странските инвестиции и намалување на невработеноста.

Истражувањата покажуваат дека иако постои поврзасност меѓу овие позитивни промени и членството во Алијансата, сепак, влезот во НАТО сам по себе не претставува гаранција за нивно остварување.