Балкан
27. August 2018 - 16:37

Анализа на Вијести: Членството на Црна Гора во НАТО донесе не само заштита туку и милиони

Анализите покажуваат дека 15 месеци по зачленувањето на Црна Гора во НАТО  значително се зголемил бројот на странски инвестииции во земјата, особено од земјите членки на Алијансата. Од централната црногорска банка посочуваат дека бројите се дуплирани во однос на истиот период минатата година.  Според нивните податоци, во првите 6 месеци, вкупниот прилив на странскио инвестиции од земјите членки на НАТО изнесува 215, 2 милиони евра. За споредба, во истиот период лани приливот изнесувал : 96, 6 милиони евра.  Во Црна Гора пропорционално најмногу инвестирала Италија, 18 проценти од севкупниот  прилив на инвестиции, а потоа следат Унгарија , Турција и Белгија.

И  анализите од секторот на туризмот велат  дека членството и донесе бенефит на Црна Гора. Бројката на странски туристи од земјите членки на Алијансат по јануари до јуни годинава за 25 насто е зголема во однос на истиот лани.

Црна Гора стана полноправна членка на Нато на 5 јуни, 2017 –та година. Два дена подоцна нејзиното знаме и официјално се развеа пред седиштето на Алијансата во Брисел. На овој момент и претходеше жестока внатрешна дебата за тоа што ќе добие,  а што ќе изгуби земјата со влезот во Северноатлантскиот сојуз .

Поддржувачите на опцијата за влез во НАТО  инсиситираа дека тоа ќе и донесе на Црна гора политичка и безбедносна стабилност која ќе привлече луге и пари во земјата, противниците тврдеа  дека членството во Алијансата нема ништо да донесе и дека трошоците за члеснтво ќе бидат преголеми.

На годишно ниво Подгорица за членарина издвојува 450 000 евра. Тоа ќе значи дека од секој црнороски граганин ќе се одземаат годишно okolu 70 центи, велат од  министерството за одбрана za “вијести”. Од секторрот на одбрана посочуваат дека за тие пари, Црна Гора во секој момент можат да очекува помош не само во справување со вонредни ситуации туку и за  градење на одбрамениот систем на земјата.