Балкан
27. November 2019 - 18:59

Анализа на американски научници за земјотресот во Албанија

Двајца американски научници, Рос Штаин и Волкан Швелиген, објавија анализа на серијата земјотреси кои од вчера утро ја потресоа Албанија во која истакнуваат дека ситуацијата можела да биде и полоша.

Тие тврдат дека работите би можеле да бидат многу полоши со оглед на фактот дека земјотресот во Скопје во 1963 година беше малку послаб, но со драматично поголеми последици.

Двајцата научници, во анализата објавена на порталот Темблор, исто така, велат дека многу е необична активноста на почвата по најсилниот удар од 6,4 степени што вчера погоди делови од Албанија.

Во Албанија вчера и денеска се регистрирани повеќе од 520 помали земјотреси, при што најсилните се над пет степени.

Според научниците, земјотресот во Албанија е последица на тектонскиот притисок на Земјината кора, која се протегаше од јужна Хрватска до Грција.

Оваа компресија на Земјината кора, како што истакнаа, е во контракции што се случиле на површината на Земјата и е видлива во собирањето што се случило на површината на Земјата, што покажале ГПС мерењата во споредба со претходните земјотреси во регионот.