Бизнис
29. November 2020 - 16:38

Анализа: Кои инфраструктурни проекти треба да ги поврзат Македонија и Бугарија?

Ќе се реалзира ли кончечно пругата до Бугарија. Во договорот за добрососедство стои дека во идина ќе се работи на  поголемо инфрастуктурно  поврзување меѓу двете земји. Повеќе децениската пруга е само едне од проектите  на кој се работи за конекција на коридорот 8. Новиот директор на  МЖ инфраструктура Локвенец  велат дека  во моментов нема нови рокови наметнати од бугарска страна за  завршница на пругата. Средствата се обезбедени и се очекува да биде  готова до 2025 година. И да не се репат политичките тензии проетот ќе се реалзира. На оваа пруга се работи  околу 30 години. Причината за одолговлекувањето  ја лоцираат во  проблематичноста на самата траса.

Од друга страна за дел од бизнсимените за  подобрување на инфраструктурата меѓу двете земји не е потребна пругата, туку брз пат.

Пругата до Бугарија е непрофитабилна и некорисна. Потребен е брз пат од  од Куманово до Ќустендил. Сметам дека ако несогласувањата меѓу двете земји не се решат во најскоро време, нема да има промени во делот на инвестициите. Но  бизнсимените многу побргу од политичарите ќе ги решат ваквите спорови, вели почесниот претседател на македонско- бугарската комора Зора Темелковски

Во моментов пругата до  Бугарија е стопирана затоа што фирмата изведувач се откажа од проектот. Од првата фаза од Куманово до Бељаковце завршени се речиси половина од работите. Тендерите за трите фази ќе се објавата  следната година.

Освен пругата, на инфраскурното поврзување со Бугарија се рбаоти на уште два проекти- експренсиот пат од Ранковце до крива Паланака и  од Крива Паланка до Деве Баир.

Во договорот за добрососедство  со Бугарија освен на инфрастуктурата се наведува  дека ќе се работи на туристичката размна, олеснување на царинските и граничните формалности за  патници и за транспорт на стока.