Loading Video...
Македонија
7. September 2020 - 21:29

Анализа: Каква економска година ја очекува Македонија во јубилејната година од независноста

Словенија минатата недела лансираше сателити во вселената, во Македонија минатата недела уште еднаш е објавен тендер за изгрдба на пат преку Плетвар што ќе ја поврзе големата пелагониска котлина со Скопје.

И двете земји до пред 29 години беа дел од СФРЈ, но за експертите не е адекватно земјава да се споредува со другите федерални единки од Југославија, посебно не со Словенија затоа што Македoнија и тогаш беше најсиромашна.

Што е тоа што и по 29 години ја држи земјава на дното во регионот. За експертите, тоа е политиката, но и економските шокови кои најчесто се надворешни.

За бизнисмените тоа што не држи на дното е недостигот на реформи кои ќе ги искоренат клучните слабости.

Иако земјава почна како најсиромашна, има потенцијал во наредните години да се придвижи напред. За Арсовска најголем потенцијал во земјава се луѓето, во нив треба да се вложува за да останат тука.

За Петрески пак, важно е земјава да има надворешно сидро – тоа се НАТО и ЕУ заради кои ќе се реформираат клучните сегменти.

Корона кризата jа турна економијата во вториот квартал за 12,7%. Ова е најлош резултат во независна Македонија и во четвртата деценија од самостојноста, земјава почнува од нула. Од мерките на новата Владата ќе зависи правецот во кој економијата ќе се движи во наредниот период.