Loading Video...
Македонија
30. January 2021 - 21:16

Анализа: Каков попис ќе се спроведе кај нас во споредба со земјите во Европа и низ светот?

Една третина од земјите во светот својот попис го закажале во оваа 2021 година. Според податоците на статистичкиот оддел на Обединетите нации собрани од 158 држави, дури 53 пописот го имаат закажано во наредните 11 месеци. Заедно со 49 земји во светот кои попис планирале да спроведат лани, во последните 2 години, планот беше да се преброи околу 64% од светот за кој Обединетите нации имаат податоци. Но корона пандемијата смени многу планови па повеќе од една третина од земјите своите пописи го одложија за наредните години. Германија пописот го одложи за март идната година. Пописите за на пролет догодина ги одложија и Ирска и Шкотска а од нашите соседи на таков чекор се решија Србија и Бугарија.

Во светот се уште доминира традиционалниот попис каде попишувачите ги посетуваат граѓаните во своите домови. Ваков метод коистат 71% од земјите во светот. Процентот главно го дигаат земјите од Африка каде пописот во 97% од земјите се врши традиционално.

Целосно електронски попис каков што вчера побара лидерот на опозицијата во светот спроведуваат 10% од државите. Комбинација од попис на терен и вкрстување на бази на податоци користат 13% од земјите во светот а 5% вкрстуваат бази и прават анкета на еден репрезентативен примерок од помал број граѓани.

Но во Европа ситуацијата е малку поразлична. На стариот континет земјите се подеднакво поделени меѓу традицонален попис, вкрстување на дата бази и комбинирани модели. 29% се решиле за попис на терен, исто толку за целосно електронски попис, лалпб што бара опозицијата а 27% практикуваат комбинитасн модел каков што најавува и Македонија. Но во Европа, и оние земји кои се решиле за собирање на податоци директно од граѓаните тоа го прават преку интернет при што нема контакт меѓу попишувачите и граѓаните. Ваков метод користат 66% од земјите кои прават попис со собирање на податоци од граѓаните.Дополнително уште 10% податоците ги собираат преку формулари кои се испраќаат по пошта.

Останатите околу една четвртина од Европските земји попишуваат по принцип лице в лице со попишуачи кои одат во домовите на граѓаните.

Македонија ќе ги попишува сите граѓани без разлика колку време не се во Македонија а потоа низ обработките на податоците оние кои повеќе од 1 година не се во земјава ќе ги класифицира како нерезиденти.. Таков вид на попис прават само 2% од земјите во Европа. 85% го попишуваат само населението кое во последите 6 до 12 месеци живее во државата а 7% ги попишуваат сите кои имаат државјанство.