Македонија
21. March 2023 - 21:16

Анализа: Како е можно неприметно да се ископа долг тунел во затвор и кој се е инволвиран?

Филмското сценарио за бегство преку подземен премин, мора да било потпомогнато од затворски службеници.. Експертот за безбедност, Љубомир Ѓурчески, смета дека невозможно е да се копало без знаење на лица вработени во Идризово.

„Основано се сомневам дека ова нешто е држено во тајност, но исто така има знаење на некој од вработените во чуварската служба или затворската управа. Таа земја завршувала тука, они ја гледале, на проштеки.. затоа велиме, има врска помеѓу сторителите на обидот за бегство и некој од вработените во затворската управа“, смета Ѓурчески.

Копање подземен тунел не е прв обид за бегство од македонските затвори. Пред повеќе од половина век било откриено идентично сценарио, но тогашните затвореници немале значителен напредок.

„Некаде на почетокот на 60те, 70те , исто така со прокопување со обид да се прокопа ѕид, да се пробијат за да се направи бегство, но тој е спречен на почетокот и не е дадено значење, но ова е веќе сериозна работа!“, појаснува Ѓурчески.

Според Ѓурчески, најголема желба за бегство имаат помладите затвореници осудени на долгогодишни или доживотни казни.. За остварување на планот ги охрабува подмитливоста на затворските службеници што се покажало со бегството во јануари кога затвореник побегна на пат кон болница.

„Има тесна спрега помеѓу осудените лица и криминалните групи што се надвор и раководните структури, односно и самите службеници вработени во затворската полиција. Тогаш зборувавме за висок степен на корупција која за жал постои и е криминолошки аспект  на кој треба да се посвети огромно влијание“, вели Ѓурчески.

Бегствата во македонските затвори не се реткост. Податоците на управата за извршување санкции покажуваат дека лани побегнале 250 лица.. Најголем дел од нив се затвореници кои биле пуштени на викенд па не се вратиле.

Советот на Европа пак забележал дека Македонија е рекордер оо бројот на бегства од затворите. На стапка од 10 илјади затвореници, во земјава има 700 бегства.