Бизнис
20. јуни 2019 - 16:05

Анализа: Дали со сликање на фискалните сметки може да се добие поврат на ДДВ од речиси 500 евра?

Кои домаќинства ќе можат да добијат назад над 28.000 денари од ДДВ? Престемтките на даночните експерти велат оние кои ќе потрошат меѓу милион и три милиони денари.

Математиката покажува покажува дека со сметките од храна и други производи кои се даночат со стапка од 5% треба да се потрошат 3.840 илјади денари. Ако се собираат сметките за набавки на стока на која се плаќа 18% ДДВ потрошената сума треба да изнесува над милион денари.

Со оглед на тоа дека сметките за набавките секогаш вклучува производи кои се даночат по двете ставки се доаѓа до сума која сме движи меѓу милион и три милиони. Но дали и тогаш некој ќе дојде до сумата од 28.000 денари останува отворнео прашање заради ограничувањата кои ги постави Владата.

Ограничувањата се однесуваат на набаква на стоки над 30.000 денари, на платени фактури за комуналии. Целта на овие мерки е да не се дозволи богатите да враќаат многу повеќе.

Прокетот Мој ДДВ има за цел да ја намали сивата економија. Секој граѓанин ќе си ја бара фискалната смтека што значи дека данокот ќе мора да  се плати.

Сепак, експертите велат дека Владата треба да биде многу внимателна, инспекциите постаојано да се на терен затоа што прокетот има одредени слабости.

Прокетот ќе почне да се спроведува од 01 јули преку мобилна апликација. Првите пари ќе легнат на сметките на граѓаните постари од 15 години во декември. Понатаму повратот ќе се врши квартално – во февруари, мај, август и ноемрви.