Македонија
7. July 2021 - 21:21

Анализа: Дали пред почетокот на школската година учениците треба да се тестираат на Ковид-19?

Лекарите предлагаат учениците пред почетокот на учебната година да се истестираат за присуство на антитела од ковид за да се види колку ќе биде безбедна наставата со физичко присуство. Доктор Беќаровски предлага тестирање на сите ученици од основно и средно, вкупно околу 220.000, од кои вели тој повеке од 20.000 одфицијално ја прележале короната, а 2 или 3 пати повеќе деца асимптоматски ја прележале болеста. 

-Целата операција би чинела 2 милиони евра, а би добиле јасен показател колку ќе биде безбедна наставата со физичко присуство, а индиректно и јасен параметар колку сме блиску, или далеку, од создавање на колективен имунитет, напиша на својот Фејсбук профил Беќаровски.

Доктор Марковски е дециден дека школската година треба да почне со физичко присуство бидејки не очекува нов бран. Се согласува дека треба да се направи антигенско тестирање врз оптимален број на деца пред стартот на образовниот процес за да се има јасен увид  во нивото на имунитетот мегу младите.

Британските студии покажуваат дека Делта варијантата се шири меѓу младата невакцинирана популација, поради што министерот Филипче предлага да се дозволи вакцинација на децата.

-Делта сојот таму се ширел кај младите но немало некоја тешка клиничка слика, но тоа укажува дека младите се трансмитери и затоа треба да се дозволи вакцинација и на децата бидејќи на тој начин ќе го зголемиме и бројот на вакцинирани, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Според Марковски нема потреба од имунизација на младите бидејки епидемијата стивнува.

Во меѓувреме во САД во тек е втората фаза на тестирање на Фајзер вакцината врз деца под 12 години.