Македонија
8. July 2021 - 21:15

Анализа: Дали ќе се постигне консензус за резолуцијата за ,,црвените линии‘‘ во преговорите со Бугарија

Не била спорна содржината на Резолуцијата за Бугарија туку само можноста таа да биде донесена во парламентот без поддршка на сите партии. Министерот за надворешни работи Бујар Османи ретерираше од тврдите позиции за неприфаќање на документот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно шефот на дипломатијата тврдеше дека ваков документ е обид државната позиција во разговорите за Софија да се етнизира. 

Османи рече дека Резуолуцијата ќе добие поддршка од ДУИ откако високи функцинери од неговата партија порачаа дека нема ништо спорно во докумнетот.

Од ВМРО-ДПМНЕ коментираат пак, дека Резолуцијата доаѓа поради блокадата од страна на Бугарија на европскиот пат на Македонија и лошото водење на преговорите од страна на СДСМ и ДУИ, за кои протекуваа информации дека задираат во националните темели. 

„Доколку Бујар Османи е искрен во своето политичко делување на поле преговори со Бугарија, тој не треба да има никаков проблем со Резолуцијата, бидејќи таа е потсетник за Владата преку што не смее да помине“, коментираат од опозициката партија.

ВМРО-ДПМНЕ и официјално денеска ја поднесе резолуцијата која во 8 точки ја обврзува Владата во преговорите со Бугарија да ги почитува јазикот и историјата врз основа на фактите што ги утврдила македонската и светската наука. 

До сега декларативна поддршка стигна од сите политички партии во македонскиот блок. По веќе извесната поддршката од ДУИ, став задокументот треба да донесат и од Алијансата на Албанците и БЕСА.

Неизвесно е кога спикерот Џафери ќе го стави документот на дневен ред пред пратениците.