Македонија
16. September 2020 - 21:19

Анализа: Дали Бугарија се заканува со вето, или ги јакне своите позиции во Брисел?

Меморандумот на Бугарија испратен до државите на ЕУ, а кој се однесува на преговорите со Македонија е продолжение на политиките на официјална Софија кон македонското прашање, но и обид за придобивање на што повеќе членки на своја страна, во преговарачката рамка сепак да се вметнат нови услови.

По Анексот кој го достави Софија и откако германското претседателство го почна процесот за утврдување на преговарачката рамка внатре во телата на Советот , според аналитичарите очекуван бил ваков потег од Бугарија.

Кацарска сепак, вели неизвесно е дали Бугарија ќе оди до крај со оваа позиција и ќе искористи вето ако остане осамена.

Како што пренесува Радио Слободна Европа, повикувајќи се на документ – меморандум на 6 страници, Бугарија поставила неколку услови за Македонија детално објаснувајќи историски содржини околу македонската држава како творба на Тито и за македонскиот јазик како норма на бугарскиот.