Бизнис
6. September 2021 - 21:18

Анализа: БДП расте, но зошто недоволно се реализираат капиталните инвестиции

За повеќе од 8 месеци не се реализирани ниту половина од зацртаните капитални проекти. Заклучно со септември, државата за изградба на патишта, пруги, градинки училишта, гасоводи, потрошила околу 200 милиони евра од предвидените половина милијадра евра за оваа намена. За бизнис секторот е нејасно зошто за државата капиталните инвестиции не се приоритетни како во другите земји од регионот со оглед на тоа што тие се клучот за развој.

Од друга страна пак статистиката денеска регистрираше раст на БДП од 13 проценти. Но колку постепеното закрепнување ќе помогне да се намали бројот на неврабтоени чија бројка достигна до 150 илјади? Според Трајковска за тоа да се случи мора да се реши проблемот со пасивните баратели на работа чија бројка е доста висока.

Сепак за премиерот Заев ваквиот раст е потврда дека економијата е стабилна.

Прогнозите се дека до крајот на годинава БДП ќе достигне 4 проценти.