Македонија
9. јуни 2017 - 16:41

Анализа: 20 министри имаат Фејсбук, премиерот има и Твитер и Инстаграм

Фејсбук е најпопуларната социјална мрежа за новиот владин кабинет.. 20-мина министри активно го користат овој медиум за објавување содржини од своите активности.. Истражувањето на тимот за нови медиуми, открива дека поголем дел од членовите на министерскиот состав освен свој профил на Фејсбук, на оваа најпопуларна мрежа имаат и сопствена страница.. Авторот на анализата Бојан Корделов вели дека е неопходно министрите да се активни на социјалните мрежи оти според истражувањата, во земјава интернет користат над 1,5 милион граѓани..

Тонско Бојан Корделов, Специјалист за нови медиуми

И покрај активната употреба на социјалните мрежи за промоција на своите активности, забележливо е дека министрите воопшто не коментираат на објавите.. Поради ова е потребно тие да формираат тим за комуникација кој ќе одговара на прашања од граѓаните поставени преку социјалните мрежи..

Активностите на министрите претставени преку социјалните мрежи пак не се интересни за граѓаните.. Анкетираните сметаат и дека нема да добијат одговори на прашања поставени на овој начин..

Новиот состав на владиниот кабинет, освен фејсбук ги употребува и останатите социјални мрежи.. Инстаграм користат 10-мина, а осум министри се активни и на твитер, покажува истражувањето..

Трите мрежи истворемено ги употребуваат 6 министри и претседателот на Владата.. Анализата на тимот за нови медиуми пак за петмина од новиот владин кабинет не пронашла податоци дека тие користат некојa од социјалните мрежи..