Македонија
19. October 2019 - 16:49

Аналитичарите поделени - чија е вината за одлуката во Брисел?

Неуспехот од Брисел за државата е тест на кој политичарите треба да пристапат со јасна стратегија, сметаа експертите. Нивните ставови се поделени во однос на причините поради кои Македонија не го доби датумот за старт на преговири со унијата. Дали беше пресудно влијанието од одредени земји членки или пак Македонија со реформскиот процес ја помогна ваквата одлука.

-Очигледно ќе треба пауза да се совземеме од неочекувниот исход . Да демонстрираме дека ние можеме да бидеме Европа и без членството и на тој начин да докажеме дека заслужуваме наместо да молиме и питачиме.  Со упорна и напорна работа можеме да ги достигнеме тие европски стандарди,  Треба очигледно свртување не декларативно, сакавме со трикови на мала врата со еден чекор како преспански или бугарски, но очигледно магиите не функционираат во политиката неможеме да ги решиме сите проблеми. Некои подетално ги гледа состојбите и јасно беше дури и да го добиевме датумот не е заслужено со оглед на се она што го напиша прибе не е многу направено. Некоие сметаа дека е доволен еден чекор како преспанскиот дог но меѓутоа сите реформи се во длабок застој , и треба да се осврнеме натаму. Да ја оставиме европа да одлучи дали ќе ја донесе и кога а ние реално да се зафатиме со суштинските проблеми  на борба против корупција, владеење на право и принципите на неказнивост и забрзан економски развој, со искористување на ресурсите на државата а не со злоупотреба, изјави Александар Кржаловски, политички аналитичар.

-Не е веќе техничко прашање во европа , дилемите кои ги изнесе макрон се многу по суштински не се толку наивни.Треба некаква ревизија во пристапот кон ЕУ.   Процесите за ЕУ не се пролонгираат поради Македонија, не видовме дека ние нешто сме пропуштиле иако има некои недоследности , за европските процеси да се види политичкиот расплет, да се изјаснат граѓаните, смета Петар Арсовски, политички аналитичар.

Ако се почитува пржинскиот договор најдобар термин за предвремени избори би бил март, иако не се исклучува можноста според бараните брзи избори од премиерот, гласањето да биде пред нова година. Изборите се очекуван процес според експертите, иако можно е да предизвикаат застој во евроинтегративните процеси сепак сметаат дека мора да се случат.

- Ќе има застој , но потребна е проверка на легитимноста бидејќи оваа влада фрли се на таа страна преспа буг добитката да биде датум, логично треба да се преиспита и . Кој и да добие не очкеувам драстични промени со политиките кон кон ЕУ. Точно ќе не забави најрано е 20 јануари но не се прават тогаш најлогично е март најсоодветен термин. Тоа прави опсег од 5, 6 месеци не очекувам којзнае какви реформи, но тоа е некаква пресвртница и очекувам да се свртиме коон себе и со реалните проблеми да се зафати новата влада која и да биде, смета Кржаловски.

„Единствениот датум што влијае е членството во НАТО, дали изборите пред членство во НАТО или да се почека да се затвори а потоа да се оди на брзи избори тоа е  единственото. Датумот треба да го доловат политичките лидери да одговара на сите и да одговорат на сите овие процеси, во кој има доволно време да се расчисти некаква стратегија да биде разумен со оглед на овие процеси. Два месеци порано или подоцна не менува ништо. Ако изборите се случат мн брзо, мислам дека ќе беше преголем пол товар ем да даде оставка ем по службена должност да наптрави замена, мислам затоа оди на брзи избори“, изјави Петар Арсовски.

Пржинскиот договор предвидува 100 дена пред одржувањето на изборите, сссо претходна оставка од претседателот на Владата, Собранието да избере нннооова, преодна влада за спроведување на избори, со нов премиер кој ќе го избере партијата со најголем број пратеници.

ВО пржинската влада се избираат технички министри за внатрешни работи и труд и социјална политика на предло на опозициската партија која има најголем број пратеници. Тие се на функција до денот кога ќе се објават официјалните изборни резултати. На предлог  пратениците од власта се избираат дополнителни министри , заменици во МВР, Труд и социјала, додека во Министерство за финансии, земјоделие, и информатичко општество и администрација заменици предлага опозицијата.