Македонија
27. May 2019 - 16:05

Аналитичарите очекуваат Заев да го врати мандатот за полесно да го реконструира кабинетот

Дали премерот Заев подговотвува терен за враѓање на мандатот и избор на нов состав на Владата?

По вчерашната партиска чистка и најавата за смена на најмалку 3ца министри, политичките аналитичари оценуваат дека целосен реизбор ќе биде политички поедноставен чекор, а Заев полесно ќе може да се справи и со очигледниот отпор на коалициските партнери.

Арсовски и Муслиу велат дека смената на целото партиско раководство е храбар, но и најлесен чекор. Очекуваат Заев и Ахмети да изнајдат заеднички јазик и истото ова да го пресликаат и во извршната власт.

Сепак без ралика дали ќе се оди на смена на целиот владин состав или поединечни функционери, политичките аналитичари велат дека пораката која граѓаните ја испратија и до СДСМ и до ДУИ е дека очекуваат промена на работењето на Владата и конкретни ориекти, а не само смена на кадри.