Балкан
6. January 2018 - 12:25

Аналитичари: Укинувањето на Специјалниот суд целосно ќе го изолира Косово

Во Косово продолжуваат апелите на меѓународната заедница против иницијативата за укинување на Законот за Специјалниот суд.

Добрите познавачи на политичките случувања оценуваат дека лидерите на Косово треба сериозно да ги третираат овие апели.

Според нив,со една ваква иницијатива, се доведува во опасност Косово целосно да биде изолирано и да ги загуби своите меѓународни сојузници, доколку делува поинаку.

Аналитичарот Илир Ибрахими, вели дека таквите иницијативи целосно може да го блокираат Косово. Тој додава дека укинувањето на законот,само ќе ги расипе односите со сојузниците кои ги има Косово.

- Косово ќе го загуби најголемиот пријател на својата независност,САД,-посочува тој.

Алберт Красниќи смета дека распуштањето на Специјалниот суд не е толку лесно. Но,додава дека укинувањето на законот привремено ќе го блокира Судот.

Специјалнот суд ќе ги третира сторените кривични дела во перодот од 1998,1999 и 2000 година. Во овој период се верува дека се убиени над 500 лица,Албанци,Срби и Роми,меѓу нив и политички противници.