Аналитичар: Прва американска претседателка би можела да биде Ники Хејли ?
Воениот аналитичар на американската телевизија „Фокс њуз“ Ралф Питерс тврди дека актуелната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли би можела да стане првата претседателка во историјата на земјата и ја споредува со некогашната британска премиерка Маргарет Тачер.
„Њузвик“ пишува дека овој пензиониран потполковник на американската армија „гледа потенцијал“ во 45-годишната Хејли, откако таа се спротивстави на критиките од ОН на сметка на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и таму да ја пресели Амбасадата на САД.
Генералното собрание на ОН во четвртокот со 128 гласа „за“ и девет „против“ ја прогласи за „неважечка и поништена“ одлуката на Трамп, но Хејли, ќерка на индиски Сики на која роденото име и е Нимрата Рандава, инсистираше на тоа дека САД ќе ја пресели Амбасадата во Ерусалим.
Се наведува дека Питерс ја пофалил поранешната гувернерка на Јужна Каролина, која пред тоа гласање изјави дека оваа резолуција би можела да ги натера САД да го повлечат финансирањето на ОН, но во исто време ја предупредил да не изговара закани „кои не е подготвена да ги исполни“.
Питерс во емисијата „Разузнавачки извештај“ ја посоветува Хејли да размисли пред да влезе во судир со некои и да избира борби во кои може да победи.
- Таа закана околу укинувањето на финансирањето беше непромислена. Ние секако нема да го укинеме финансирањето на земји како Јордан или дури Египет во вакви критични времиња. Јас целосно го поддржувам тоа што го направи, кога се во прашање емоции, но морате да бидете тактички добри исто колку и стратешки, рече Питерс.
„Њузвик“ нагласува дека Питерс во претходна изјава за Хејли рече дека е „на пат да биде американска Маргарет Тачер“, поранешна претседателка на Владата на Велика Британија.
Весникот потсетува дека Хилари Клинтон, која во 2016 во име на Демократската партија беше прва жена која е номинирана за кандидатка на некоја голема партија за претседателка на САД, во октомври годинава изјави дека „нема повторно да се кандидира“ по поразот од Трамп. Сепак, сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен се смета за главен кандидат на демократите за претседателската изборна трка во 2020 година
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација