Анагностопулу: Грчкиот Парламент наскоро ќе ја ратификува спогодбата за отворање граничен премин кај Преспа
Пред Велигден, Спогодбата за отворање на граничниот премина Лемос- Маркова нога во преспанскиот регион, ќе биде ратификувана од грчкиот Парламент, најави алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, во изјавата по повод испратеното писмо до неа од градоначалникот на Преспа, во кое тој бара потпишаната спогодба да не остане само на хартија, јави дописничката на МИА од Атина.
Градоначалникот на Преспа, Панајотис Пасхалидис испрати писмо до алтернативната МНР на Грција во кое ѝ се заблагодарува и бара спогодбата да биде ратификувана во актуелниот грчки Парламент, по што следуваше и одговорот на Анагностопулу која потенцира дека со писмото се покажува важноста на договорот за локалното население и грчкото општество.
-Имплементацијата на Договорот од Преспа произведува, меѓу другото и практични економски, туристички резултати, резултати поврзани со животната средина, како и општествени резултати. Од моја страна го уверувам градоначалникот и локалното население дека Спогодбата за отворање на граничен премин кај Преспа ќе се ратификува набргу од грчкиот Парламент, пред Велигден. Исто така, набргу ќе се потпише и спогодба за граничен премин кај Промахи, Пела со огромна корист за локалното население, вели Анагностопулу во писмената изјава.
Таа додава дека националниот интерес „најдобро го разбираат граѓаните за кои пријателството и економската соработка со соседните народи промовираат стабилност и солидарност, а со тоа и економски просперитет “.
Градоначалникот на Преспа во неговото писмо објаснува дека отворањето на граничниот премин е старо барање на локалното население уште од 1967 кога беше затворен, но и упатува повик до министерката Анагностопулу да гарантира дека колку е можно побргу спогодбата да се ратификува во Парламентот.
Пасхалидис пишува дека отворањето на граничниот премин ќе има огромно симболично значење за локалниот развој.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка