Анагностопулу: Граѓаните од Северна Македонија сакаат европска перспектива за нивната земја
Двајцата кандидати кои го поддржуваат Договорот од Преспа имаат 11 отсто повеќе гласови од кандидатката од националистичкиот блок, вели алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу во интервју за радиото “Практорио фм” на грчката новинска агенција АНА-МПА, во однос на резултатите од првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Анагностопулу смета дека не е веројатно да биде избрана Силјановска, но додава дека дури и да се избере, на меѓународно ниво нема да направи ништо во однос на Договорот од Преспа.
-Сметам дека и ВМРО има сфатено дека ниту може да направи нешто, ниту пак сака, бидејќи ќе има реакција од народот, бидејќи граѓаните од Северна Македонија сакаат европска перспектива за нивната земја, сакаат отворање кон светот, бидејќи затвореноста, тоа дека немаа контакти со Грција, и нив самите ги чинеше многу, вели Анагностопулу во интервјуто, пренесе МИА.
Алтернативната министерка за надворешни работи на Грција рече дека оваа седмица, во грчкиот Парламент ќе бидат доставени двете спогодби што се однесуваат на отворањето на новите гранични премини меѓу двете земји.
Во однос на комисијата за трговските ознаки, Анагностопулу вели дека учествуваат бизнисмени и експерти за да ги решат проблемите што би произлегле.
-Она што го констатиравме е дека нашите производи ПОП (заштитена ознака на потекло) и ПГЕ (заштитена географска ознака) се апсолутно обезбедени. За оние за кои може да постојат проблеми, за тие ќе биде комисијата, за да даде решенија, вели Анагностопулу.
Ново на Сител
-
Колку ќе придонесат зголемените истражни центри во обвинителствата за борба против корупцијата?
-
Свадби без оро, но и без музика - Музичарите дискриминирани во предлогот
-
Со 62 гласа „за“ изгласана доверба за Владата на Заев
-
Засега нема потврдена јужноафриканска мутација во земјава
-
Нема посебни графи, секој може да се попише како сака, тврди статистика по барањата од бугарските здруженија
-
Тимчо Муцунски гостин во Дневникот - Каде исчезна најавуваното ново мнозинство?
-
Прва МФЛ: Три победи за гостинските екипи
-
Техномаркет го отвори својот нов продажен салон во Аеродром со големи попусти