Loading Video...
Кошарка
18. May 2019 - 15:57

Анадолу Ефес и ЦСКА Москва во финалето на Евролигата

 
 
Во шпанскиот град Виторија се игра завршницата во Евролигата. 
 
По вчерашните полуфинални средби денеска е ден за одмор, по кој утре Анадолу Ефес и ЦСКА Москва ќе се борат за шампионскиот трофеј., 
 
Анадолу Ефес ја доби турската пресметка со фаворизираниот Фенербахче кој на овој турнир настапува без двајца клучни играчи (
 
Ефес во текот на целиот меч имаше предност за на крајот да забележи победа со конечни 92-73. 
 
Затоа пак голема борба имаше на вториот меч во кој бранителот на трофејот Реал Мадрид иако имаше и 14 поени предност на крајот „Кралевите“ загубија од московска ЦСКА со 95-90. 
 
Така утре во мечот за 3.место од 17:30 часот ќе играат минатогодишните финалисти Фенербахче и Реал Мадрид, а за трофејот во финалето закажано за 20 часот и 30 минути ќе се борат Анадолу Ефес и ЦСКА Москва