Ана Стојановска и Раим Рустемовски државни јуниорски прваци во пинг-понг
На државното јуниорско пинг-понг првенство што се одржа вчера, на кое учествуваа педесетина учесници од четиринаесет спортски клубови од Скопје, Куманово, Струмица, Виница, Прилеп, Крушево, Штип, Крива Паланка и Битола, титула државен првак во јуниорска конкуренција поединечно и во мешани двојки, заедно со Дамјан Гошев, освои Ана Стојановска. Пингпонгарскиот клуб „Крива Паланка“ беше домаќин на настанот што е во организација на пингпонгарската федерација на Северна Македонија.
Натпреварите се одигруваа во текот на целиот ден, во двете сали на основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“.
– На првенството настапија вкупно дваесет девојчиња и триесет и двајца пингпонгари, кои се натпреваруваа во поединечна конкуренција, машки и женски, во парови и во мешани двојки. Нашата Ана Стојановска, нашата гордост, се закити со титулата државен првак во јуниорска конкуренција поединечно, државен првак во јуниорска конкуренција во мешани двојки заедно со Дамјан Гошев, а вицешампион е во парови женска конкуренција. Горди сме и на десетгодишниот талент Александар Јакимовски, кој со само десет години играше полуфинале и во поединечна категорија и во парови и освои трето место, појасни Јорданчо Миневски, претседател на ППК Крива Паланка.
Државен првак во машка конкуренција е Раиф Рустемовски, второпласиран е Леонид Гошев, трет Александар Јакимовски. Во женска конкуренција јуниорки второ место е Ива Димитриевска, а трета е Бојана Михајловска.
Државни прваци во машки двојки се Дамјан и Лука Стојчеви, а во женски двојки Ива Димитриевска и Бојана Михајловска. Во мешани двојки-микс најдобри на првенството беа Ана Стојановска и Леонид Гошев.
Веќе следниот викенд на пингпонгарите им претстои Телеком- турнирот за играчи до 21 година.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228