Џет-Сет
26. August 2017 - 11:56

Ана Николиќ со емотивна фотографија и порака за ќерќичката Тара

Пејачката Ана Николиќ пред три недели на свет ја донесе ќеркичката Тара, а се досега не се огласуваше. Сепак Ана реши со своите фанови да ги сподели своите емоции.

Во пораката на Инстаграм, откри многу работи за себе.

-Не постојат зборови со кои би го опишала ова чувство. Мислев дека знам што е љубов. Мислев дека знам што е среќа. Таа ми објасни се она што никој претходно не успеал!Таа е мојот најголем животен успех и смислата на мојот живот-навела Ана во пораката со која се обрати на своите фанови и следбеници-напиша Ана.