Џет-Сет
18. September 2018 - 17:10

Ана Ивановиќ во прекратко фустанче откри страшен детаљ - фановите ја проколнуваат да оди на лекар

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ пред неколку месеци стана мајка, а нејзините фанови не можеа да поверуваат за колку брзо време ја врати витката линија.

Но, откако таа сподели фотографија со својот сопруг во кратко фустанче фановите останаа загрижени и започнаа да ја „проколнуваат“ тенисерката за тоа колку е слаба и има недостаток на килограми.

- Сопругот и јас поминавме убав ден и ручавме заедно, се колнам дека фустанчето беше малку стуткано на почетокот, напиша Ана Ивановиќ под фотографија на која таа позира заедно со својот сопруг, фудбалерот Бастиан Швајнштајгер на тераса од еден ресторан.