Ана и Игор од Битола за својата свадба наместо цвеќе, побараа нешто што ги изненади сите
Водени од девизата дека секогаш е вистинско време да се направи нешто добро и дека нашето малку за некого значи многу, младата брачна двојка Ана и Игор Стојанови деновиве направија невообичаена донација и ги усреќија децата кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола, пишува Битолски весник.
Ана и Игор кои неодамна правеа свадба во Битола, претходно преку нивните свадбени покани, ги замолија нивните гости наместо букет цвеќе или бомбоњера да им подарат играчки, боенки или сликовници кои тие подоцна ги донираа во Заводот во Битола.
„Секогаш е убаво чувството кога радоста и среќата ќе се споделат со некој друг. Токму затоа јас и мојот сопруг Игор се одлучивме преку свадбените покани наместо букет цвеќе или бомбоњери од нашите гости да побараме играчки, сликовници или боенки со цел да ги донираме во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола. Морам да признаам дека гостите не изненадија со позитивните реакции и големиот број на играчки кои ги донесоа за дечињата кои ги дониравме, и насмевките и радоста кај децата го исполнуваат срцето и тоа чувство не може да се опише со зборови. Овај наш хуман гест убаво би било да претставува поттик за сите останати двојки кои имаат намера да стапат во брак и да прават свадба и притоа да направат нешто добро и да помогнат каде што е потребно, бидејќи секогаш е вистинско време да се направи нешто добро“ – истакна Ана Стојанов.
Директорката на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола, Анета Ѓорѓиевска, истакна дека ваква донација од двајца млади е реткост. Откако таа е на чело на Заводот, слична донација се немало случено.
„Колегите ми кажаа дека ваква слична донација имале пред повеќе од една деценија и многу ми е мило и големо е задоволството и кај децата и кај сите вработени, што еден млад брачен пар се одлучи да донира на ваков прекрасен, несекојдневен начин. Овие детски реквизити ги користат сите деца, а најмногу оние кои имаат поголеми оштетувања на говорот и гласот“ – изјави директорката, Анета Ѓорѓиевска.
Хуманата мисија на Ана и Игор нека биде поттик за младите двојки во што поголем број да го следат нивниот позитивен пример кој наиде на мошне позитивни реакции.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово