Спорт плус
12. July 2016 - 15:37

Ана и Бастијан склучија брак

Српска тенисерка Ана Ивановиќ и капитен на фудбалската репрезентација на Германија Бастијан Швајнштајгер денес стапија во брак во Венеција, Италија.
 
Двајцата познати спортисти на овој начин ја крунисаа двегодишната љубов која го привлекуваше вниманието на светските медиуми.
 
По свадбата следува скратен „меден месец“, а потоа Ана ќе се посвети на подготовките за Олимписките игри во Рио де Жанеиро, додека Бастијан на своите обврски кон Манчестер Јунајтед.