Македонија
16. January 2020 - 19:14

АМСМ: Намалена видливост поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ предупредува дека видливоста на патиштата е намалена поради појава на магла. Како што се наведува, видливоста од Тетово до с.Гајре е 20 метри, Павлешенци 30 – 50 м и Гостивар 50 – 100 м.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.