АМСМ: На граничниот премин „Богородица“, утрово за излез од државата се чека од 15 до 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Од АМСМ потсетуваат дека во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, според Автомото сојузот, е зголемен. На граничниот премин „Богородица“, за излез од државата се чека околу 15 - 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња