Македонија
20. March 2017 - 8:17

АМСМ информира: Внимавајте на овие патишта

СОСТОЈБА:Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

            ВНИМАТЕЛНО:АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.  

            ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ:Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

 

                                                                                                                                    

РАБОТИ НА ПАТ:

-Од 07.03.2017 година ќе се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистрален пат А2, делница: Обиколница на Тетово, осветлување на клучка Брвеница и клучка Тетово - Југ. Предвидените активности ќе се реализираат во период од 07.00 до 17.00 часот. Потребна е зголемена внимателност и придржување кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

                                                                

ДГ Бетон АД Скопје известува дека почнувајќи од 27.02.2017 година, поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар-Кичево, по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м),  согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

 -Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

 - ГД  Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) е воспоставен времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

 

 -  Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.

 

 -  Градежната компанија Трансмет ДОО Скопје изведува градежни работи на државен пат А-2 Обиколница Скопје,од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци.Од 02.12.2016 е воведена времена измена за режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2, со датум 18.11.2016 година, издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци, а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи. 

  -  Од градежната фирма Гранит на ден 20.06.2016 година со почеток во 12:00 часот воспостави времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А3, делница с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

 

 -  Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

 -  Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:

- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
- и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

    Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

 ЗАТВОРЕН ПАТЕН ПРАВЕЦРегионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да сообраќаат само до месноста “Kорита.

             ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премининема подолги задржувањаза влез и за излез од државатаОваа информација се однесува за македонската страна на премините.

 

 ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА   

 

 НАЈАВАДо крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла

 

воздушна маса, што ќе предизвика времето да биде сончево и топло, со мала до умеренаоблачност. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период одгодината. Во западните делови ќе им услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено вовторник и четврток.