Македонија
17. July 2017 - 8:12

АМСМ информира каква е состојбата на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Од 1 јули 2017 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Вијадукт Трејд – ДОЕЛ, Гостивар известува дека во Неготино временото решение е изменето и возилата се исклучуваат од магистралниот пат на регионалниот пат (Р-1102) кај клучката Тремник, каде до Демир Капија ќе се вози по регионалниот пат. Исто така информира дека ќе се изведуваат градежни активности околу еден месец на клучка Илинден и клучка Врапчиште. 

Од 5 јуни 2017 година од 17 часот сообраќајот по регионалниот пат Тетово – ГП Јажинце е во прекин кај с. Порој поради обилни врнежи од дожд и излевање на Поројска река. Сообраќајот се пренасочува.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е со зголемен интензитет. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ГД Гранит информира дека од 27 јуни 2017 година започнува со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар – Кичево (делница Гостивар до с. Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз. Истовремено се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајниците и мостовите е предвидено да трае 15 месеци, односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

Виадукт Трејд ќе изведува градежни активности - електрично осветлување околу 6 месеци, на клучка Белви на автопат А2, Е65, делница Хиподром - Миладиновци. 

Патниот правец А3 Прилеп – Битола - Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува низ градот Битола. 

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека - Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна на 18.04.2017, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека - Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента е затворена за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Од 19.04.2017 се изведуваат градежни активности на дел од магистралниот пат А2, делница: Тетово - Гостивар, осветлување кај клучка Камењане.

ДГ Бетон АД известува дека поради изведбата на градежни работи на магистралниот пат А4, Делница клучка Кадино - клучка Хиподром од км. 4+230 до км. 9+330 сообраќајот се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, почнувајќи од 03.04.2017 и во траење од 3 месеци.

На 07.03.2017 година започнаа да се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистралниот пат А2, делница Тетово – Скопје, клучка Сарај. Активностите се реализираат во период од 07:00 до 17:00 часот.

ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистралниот пат А2, Делница Гостивар - Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900, односно околу 800 м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државниот пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 27.04.2016 е воведена промена на времена измена за режим на сообраќај согласно Одобрението од Министерство за транспорт и врски на Република Македонија на 26.04.2017 година. 

Градежно Друштво Гранит АД Скопје РЕ Свети Николе - Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. 

Од 12.04.2017 има пренасочување на сообраќајот на делница Клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистралниот пат А3 и обратно до Клучка кај село Три чешми по ново изградената десна коловозна лента.

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

На 27.11.2016 година целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с. Грдовци - с. Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

Градежно Друштво Гранит АД Скопје РЕ Свети Николе - Штип известува дека изведува градежни работи за градба на Магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до км 47+107,00.

Од 21.05.2015 е целосно затворена до целосно завршување на активностите (период од 2 години) за сообраќај делницата на потегот км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) со пренасочување на целокупниот сообраќај преку Регионален пат P 1204.

Патниот правец Р2332 Ресен – Охрид и обратно (преку националниот парк Галичица) од 19.05.2017 е отворен за сообраќај за возила со вкупна тежина од 3,5 тони.

АМСМ предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Информации за движење на патниот правец низ Јасен од 1 Октомври 2016 година: Скопје кон Македонски Брод 07:30 - 08:30 часот и 14:30 - 15:30 часот Македонски Брод кон Скопје 06:00 - 07:00 часот и 16:00 - 17:00 часот. Информации на тел: 02/ 3115-016 или е-mail: info@jasen.com.mk

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.