Спорт плус
24. јуни 2022 - 12:30

АМС: Нашата кикбокс федерацијата освои 61 медал на Балканското првенство во Краљево

Агенцијата за млади и спорт на својот Фејсбук профил објави дека македонската кик-бокс федерација освоила 61 медал на Балканското првенство во Краљево, Србија.
 
„Нашата кикбокс федерацијата освои 61 медал од Балканското првенство во Краљево, Србија, од кои 16 се златни, 26 сребрени и 19 бронзени и во вкупниот пласман е втора зад Србија со 54 одличја – 28 златни, 19 сребрени и 7 бронзени.
Учествуваа 73 натпреварувачи со 77 настапи на Балканското кик бокс првенство во дисциплините К-1, лоу кик и кик лајт. На Балканското првенство учествуваа 212 натпреварувачи од 7 држави“ стои во објавата на АМС.