Спорт плус
5. April 2020 - 12:36

АМС ќе ги помогне финансиски клубовите и спортистите

Директорот на АМС , Дарко Каевски денеска на прес конференција ги образложи мерките со кои државата ќе им помогне на спортистите и спортските клубови за да полесно ја надминат кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Предвидена е минимална плата од 14500 денари за сите вработени и хонорарци во клубовите за месеците април и мај. Еве дел од мерките.

– Помош во висина од 14.500 денари, за месеците април и мај ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано минимум 40 спортисти до 18 години во индивидуални спортови и минимум 80 млади спортисти до 18 години во екипните спортови.

– Покрај редовната поддршка, ќе АМС ги финансира тренинг-програмите на врвните спортисти од Македонија во индивидуалните олимписки спортови, кои ќе се подготвуваат за обезбедување норма за ЛОИ во Токио, идното лето.

– Намалување на цената на спортските објекти во сопственост на државата за 50 проценти и препорака до оопштините да го направат истото, со цел да се излезе во пресрет на клубовите и спортистите кои ќе ги користат овие објекти.