Фудбал
18. March 2019 - 16:12

АМС го прогласи собранието на ФФМ за нелегитимно

ФФМ вчера во Охрид го избра Муамед Сејдини за нов претседател со што не ги испочитува препораките на Агенцијата за млади и спорт првин да се направат статутарни промени па потоа да се закаже ново собрание.
По тој повод денеска со соопштение до медиумите реагираше АМС во кое стои дека вчерашното собрание на ФФМ е нелегитимно и дека заменик директорот на АМС Газменд Ристеми не бил службено присутен во Охрид:
„Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, во саботата на официјална прес-конференција во просториите на институцијата го изнесе ставот на АМС дека ФФМ мора да го усогласи Статутот, актите и своето работење со законите кои важат во државата и Собранието на федерацијата да ги верифицира и да обезбеди услови за напречена работа. Каевски тогаш додаде дека било какво одржување на Собрание спротивно на законот, истото го прави нелегитимно, со што ќе се предизвика сериозни проблеми во развојот на фудбалскиот спорт во нашата земја. Токму поради тоа, сакаме јасно, прецизно и недвосмислено да изјавиме дека АМС останува на ставот кој беше изнесен од страна на Каевски токму на таа прес-конференција. Секој друг став изнесен во врска со случувањата околу ФФМ, особено од страна на лицето Гзменд Ристеми (заменик-директор на АМС-н.з.), претставува личен став, кој не е во согласност со ставот на Агенцијата за млади и спорт“- се вели во соопштението.
АМС неколку пати потенцираше дека една од опциите е одземање на дозволата за вршење дејност спорт на ФФМ .