Loading Video...
Спорт плус
25. јуни 2019 - 15:37

АМС го награди Бесир Алили со еден милион денари за златото од ЕП

По освојувањето на златниот медал на Европското кадетско првенство во борење, денеска македонски репрезентативец Бесир Алили, имаше прием кај  директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски 
 
Агенцијата за млади и спорт му додели еден милион денари на младиот македонски борач Алили, кој освои златен медал на Европското првенство за кадети, во категоријата до 48 килограми. Одлуката ја соопшти директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на денешниот прием организиран во чест на успехот.
 
„Во наредниот период, очекувам нашиот Бесир да тренира напорно, и да ги слуша советите на неговиот тренер и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња кои претставувале основа и придонеле во развојот на борењето во нашата држава“  изјави Каевски.
 
Тој дополне дека Агенција за млади и спорт и понатаму ќе продолжат со поддршка на спортистите за да бидат уште поконкурентни и уште повеќе да партиципираат на големи натпреварувања.