Loading Video...
Фудбал
16. March 2019 - 17:14

АМС: ФФМ да направи законско усогласување на статутот и ново собрание!

Состојбите во ФФМ беа тема на денешната прес конференција на директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски кој пред новинарите побара  нашата најбогата федерација на утрешното собрание во Охрид да ги направи потребните усогласувања на статутот и актите со Законот за спорт и другите закони во РМ.
Доколку не се направат потребните измени Каевски најави преземање на контрамерки со што не ја  исклучи и законската можност за одземање на дозволата на ФФМ за вршење на дејноста спорт.
Каевски децидно нагласи дека ФФМ неколку пати е опоменувана по писмен пат и единствено решение е на утрешното собрание да се прифатат потребните статутарни промени и во наредниот период да се закаже ново Изборно собрание.
Како што соопшти директорот  Каевски, АМС нема да има свој претставник на утрешното собрание на ФФМ во х.Инекс Горица во Охрид.