АМС аплицира за првпат аплицира преку „Еразмус плус“ - „Европска недела на спортот“
Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската комисија преку програмата Еразмус плус - „Европска недела на спорт“.
- Апликацијата и замислата на целиот проект беше под водство на Александра Дичевска, советник за меѓународна соработка во Агенцијата за млади и спорт и Национален координатор за проектот за кој добивме позитивен одговор, соопшти Агенцијата.
Агенцијата ги информираме општините со соодветните сектори за спорт, спортските клубови, здруженија, образовни спортски академии и високо образовни спортски институции, национални спортски федерации, дека во периодот што следува ќе се организираат редовни средби, состаноци, за учество и улога на сите наведени институции во Европската недела на спортот, што ќе се реализира во периодот од 23 до 30 септември годинава.
Покрај многубројните активности во текот на целата недела, акцент ќе се стави на главните настани - Promotion on healthy lifestyles - за прв пат дел од #BeActive Week of sport, #BeActive Village, #BeActive Night и #BeActive Festival.
Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места, во секакви услови, а крајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот - придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец во Македонија, додава Агенцијата во своето соопштение.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација