„Амнести интернешнал“: Договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците е катастрофа
Договорот меѓу Европската унија и Турција за бегалците е катастрофа и никогаш повеќе не треба да се повтори, оцени организацијата „Амнести интернешнал“, јави ДПА.
Организацијата ги повика светските лидери да не го земаат овој договор како модел за слични договори со Либија, Судан и Нигер.
Повикот беше упатен една година по почетокот на договорот меѓу ЕУ и Турција.
Договорот целеше да се намали бегалскиот бран кон Европа со враќање на азилантите во Турција, што беше определена како безбедна земја.
Според невладината организација всушност тој договор е причината поради која илјадници лица се „напуштени“ на грчките острови.
Во извештајот, што е насловен како „Модел за очај“, „Амнести интернешнал“ ги опишува условите за живот во камповите како „очајни“, наведувајќи дека на тие места луѓето се пренатрупани, нема топла вода, недоволна хигиена, храната е лоша, а здравствените услуги не се на потребното ниво.
- Крајно нечесно е европските лидери да го оквалификуваат договорот на ЕУ и Турија како успех и истовремено да ги затворат очите за неподносливо високата цена што се плаќа како последица од него, изјави Гаури ван Гулик, заменик-директорот на „Амнести интернешнал“ за Европа.
Во март 2016 година ЕУ се договори со Анкара, бегалците кои ќе пристигнуваат на грчките острови преку Егејското Море да бидат враќани во Турција.
Овие бегалци го задржуваат правото да аплицираат за азил прво во Грција, по што процедурите се забавуваат и во реалноста речиси нема вратени лица во Турција.
„Амнести интернешнал“ исто така тврди дека меѓународното право било прекршено со тоа што на бегалците кои се вратени назад не им се дало можност да поднесат барање за азил или да поднесат жалба за враќањето во Турција.
Ново на Сител
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО