Свет
10. February 2016 - 8:42

Американското разузнавање смета дека во 2018. е можна смена на претседателот на Куба

Разузнавачките служби на САД сметаат дека Куба се подготвува за евентуална смена на претседателот во 2018 година, објави весникот „Нуево хералд“, кој излегува во Мајами на шпански јазик.

Весникот се повикува на директорот на Националното разузнавање на САД, Џејмс Клапер.

 - Кубанските власти ќе се насочат кон зачувување на политичката контрола во земјата, при што истовремено се подготвуваат за можна смена на претседателската власт во 2018 година, се вели во извештајот на Клапер пред Сенатот.