Американско-јужнокорејски воени вежби близу границата со Северна Кореја
Американски стратегиски бомбардери Б-1 Лансер денеска учествуваа во воени вежби во Јужна Кореја при што бомбардираа цели на воен полигон, стотина километри од границата со Северна Кореја.
САД и Јужна Кореја, како и други нивни сојузници од регионот, спроведуваат големи воени вежби, чија цел е да упатат порака до Северна Кореја по серијата закани и ракетни проби од страна на властите во Пјонгјанг.
За време на воените вежби, американските бомбардери биле придружувани од ловци од типот Ф-22 Раптор, како и јужнокорејски борбени авиони Ф-15 и Ф-16 и вежбале поддршка на копнени сили во борба. Вкупно, над 200 борбени авиони и илјадници војници се ангажирани во вежбаата.
Воените вежби се одржуваат во текот на целата недела.
Северна Кореја минатата недела лансираше ракета со голем дострел, за која тврди дека може да погоди која било цел на територијата на САД, вклучително и главниот град Вашингтон на источниот брег. Северна Кореја има и арсенал на атомски бомби.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право