Loading Video...
Свет
14. March 2019 - 17:06

Американските власти наредија приземјување на сите авиони од типот Боинг 737 Макс 8 и Боинг 737 Макс 9

Американските власти наредија приземјување на сите авиони од типот Боинг 737 Макс 8 и Боинг 737 Макс 9. Одлуката ја потврди и претседателот Трамп, кој досега се противеше на ваквите мерки. 

Како причина за приземјувањето тој наведе дека се појавиле нови докази во тековната истрага за авионската несрека во Етиопија во која загинаа 157 луѓе.Претходно и Европската агенција за воздухопловна безбедност ги суспендираше сите летови на овие авиони на територијата на Унијата.

Њујорк тајмс објави сведочења на американски пилоти кои се пожалиле на неисправноста на автоматскиот пилот на спорниот модел на Боинг.