Loading Video...
Свет
4. February 2020 - 16:31

Американските избори за кандидат за претседател во демократскиот кампус почнаа проблематично

Американските избори за кандидат за претседател во демократскиот кампус почнаа проблематично, со одложување на резултатите во сојузната држава Ајова.

Демократската партија објави дека мора да спроведе контроли, откако се утврдени „недоследности“ во објавувањето на резултатите од избирачките места.

Додека партијата рачно ги проверува податоците од избирачките места, претседателот Доналд Трамп ги оцени хаотичните избори на Демократската партија во Ајова како „целосна катастрофа“.

Иако објавувањето на резултатите е одложено на неодредено време, повикувајќи се на внатрешни информации, победа во Ајова прогласи Изборниот штаб на сенаторот Барни Сандерс.