Свет
16. February 2017 - 16:53

Американските граѓани преку петиција бараат претседателот Доналд Трамп да го протера Џорџ Сорос од САД

Американските граѓани преку петиција бараат претседателот Доналд Трамп да го протера милијардерот Џорџ Сорос од САД. Петицијата која ја пренесува порталот start.mk  е потпишана од композиторката Ванеса Фелтнер која на ваков начин бара Сорос и неговото семјество да бидат лишени од држајванството на САД, поради како што вели финансирањето на протестите низ американските градови чија главна цел е раскол во општеството.

„Тој продолжува да се меша и да манипулира со нашата влада преку неговите наплати ги корумпира политичарите. Продолжува да ги финансира насилните групи како „Важноста на црните животи“ и ги плаќа да вршат злосторстава против невини Американци. Ова мора да престане. Не смееме да дозволиме Џорџ Сорос да остане во Америка и да продолжи со активностите во насока на уништување на нашата земја, се вели во дел од петицијата.

Фелтнер го обвинува милијардерот за финансирање и на протестите на „Маршот на жените“, чија главна цел е да направи раскол во општеството, слично на украинското сценарио, активностите на Балканот и Казахстан. Со петицијата се бара одземање на неговото натурализирано државјанство и забарана за вршење на било какви финансиски зделки во Америка.

„Ние граѓаните, повеќе нема да го трпиме теророт на Сорос и неговите активности, кои ги нарушуваат нашите традиции. Тој се залага да ја подели државата. Нам не ни требаат отворени граници и отворени општества. Нам ни е потребно Америка да остане независна држава со христијански вредности. Претседателе Трамп ние бараме од вас да го протерате Џорџ Сорос од Соединетите Држави. Ние бараме од вас да му забраните нему и на сите членови на неговото семејство да дејствуваат во САД и да финансираат организации преку кои ги корумпираат политичарите со кои манипулира“ се наведува во барањето до Трамп.   

Петицијата објавена на сајтот Change.org досега е потпишана од близу 9.400 американски граѓани, а  неопходни се 10.000 потписи за ова барање да му биде предадено на претседателот Доналд Трамп.