Фудбал
5. August 2021 - 12:00

Американските фудбалерки ја освоија олимписката бронза

 
 
Американската женска фудбалска селекција предводена од македонскиот стратег Владко Андоновски го освои бронзениот медал.
 
Американките во дуелот за 3.место ја победија Австралија со 4-3 и се закитија со бронзата, што е сепак за нив мала утеха имајќи в предвид дека тие атакуваа на златото. 
 
А, за најсјајното одличје утре наутро во 4 часот ќе играат Канада и Шведска селекција која на игрите во Рио пред 5 години го освои сребрениот медал