Американските демократи бараат над милијарда долари за кибер безбедност на изборите
Демократите во Конгресот на САД поднесоа предлог-закон со кој се предвидува издвојување на над една милијарда долари за подобра кибер заштита на американскиот изборен систем.
Потпретседателот Мајк Пенс во исто време ги бранеше активностите на Владата за заштита на изборите од хакерски напади.
Демократите го поднесоа законот откако американските специјални служби во вторникот соопштија дека на изборите за Конгресот во ноември, најверојатно ќе има ново мешање од страна на Русија и веројатно и на други надворешно-политички противници.
- Не можеме да дозволиме Русите да стојат и да ни се потсмеваат и да се радуваат на нивниот успех како на минатите избори. Нивната цел е да ги поткопаат демократските темели, изјави на прес-конференција лидерката на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, .
По изборите во 2016 година, на кои беше избран републиканецот Доналд Трамп, конгресмените поднесоа неколку закони за подобрување на безбедноста на изборниот систем, од кои некои беа поддржани од двете најголеми партии во САД. Сепак, ниту еден од овие закони на крајот не беше прифатен.
Ново на Сител
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата
-
Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт
-
Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди