Свет
1. August 2017 - 9:19

Американскиот сенатор Ренд Пол и Доналд Трамп разговарале за реформа на здравствениот систем

Американскиот сенатор Ренд Пол денеска изјави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за реформа на здравствениот систем и дека му кажал дека смета дека тој го има авторитетот да формира Здружение кое на организациите ќе им овозоможи да нудат планови за здравствено осигурување.

Како што наведуваат британските медиуми, овозможувањето на групите, како што е ААРП, која ги претставува пензионерите, да формираат здравствени здруженија, на поединциите и малите претпријатија ќе им овозможат да формираат поголеми групи за преговори со компаниите за здравствено осигурување за пониски рати.

Републиканецот Пол, на новинарите им кажа дека Трамп размислувал да преземе некој вид извршна акција, за да се решат  проблемите со системот за здравствена заштита, откако минатата недела Сенатот не успеа да ја усвои мерката за реформа на системот.