Loading Video...
Свет
21. November 2018 - 21:38

Американскиот сенат од Трамп бара втора истрага за Кашоги

Американскиот сенат побара од  Трамп да спроведе втора истрага за случајот Кашоги.

Барањето уследи откако  ЦИА објави дека не успеала со сигурност да утврди дали саудискиот принц престолонаследник Бин Салман  го  наредил убистото на новинарот  Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанабул. 

Претседателот на САД  претходно рече дека не ја исклучува можноста за вмешаност на принцот, но додаде дека тоа нема да влијае врз одличните односи  помеѓу Вашинготн и Ријад, изјава која кај турските  власти предизвика  остра реакција. 

Саудиска Арабија негира дека принцот го наредил убиството.