Loading Video...
Свет
16. August 2019 - 16:54

Американскиот претседател Доналд Трамп е заинтересиран да го купи Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп е заинтересиран да го купи Гренланд. Американските медиуми обелоденија дека Трамп веќе контактирал со данското кралство, во чии рамки влегува овој автономен остров. Трамп од своите советници побарал да ја истражат можноста и придобивките од поседување на Гренланд.

Министерот за надворешни работи на Гренланд ја отфрли идеата велејќи дека островот е отворен за бизнис соработка, но не е на продажба.

Ваквата идеа на американскиот претседател за данските политичари е само првоаприлска шега во погрешно време. Дел од нив преку медиумите и социјалните мрежи коментираат дека идеата Данска да продаде 50.000 свои државјани на САД е апсолутно луда.

Ова не е прв пат САД да покажат интерес за купување на островот Гренланд.