Американскиот министер за здравство Азар поднесе оставка
Американскиот министер за здравство и социјални услуги Алекс Азар синоќа поднесе оставка, оценувајќи дека минатонеделниот напад врз Конгресот бил напад врз демократијата и оти „би можел да го оцрни наследството на администарцијата“ на Трамп.
Азар во оставката поднесена на 12 јануари до претседателот во заминување Доналд Трамп ги наведе и успесите на администрацијата, меѓу кои и брзиот развој на вакцина и терапија против Ковид-19.
Тој изрази загриженост и поради неоснованите тврдања на Трамп за изборна измама на претседателските избори.
– Нападите врз Капитол беа напади врз нашата демократија и врз традицијата за мирен пренос на власта, наведе Азар во оставката.
Тој ќе остане на функцијата до стапување на должност на новиот американски претседател Џо Бајден.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација