Loading Video...
Свет
27. February 2021 - 16:30

Американскиот Конгрес изгласа пакет на финансиска помош во вредност од 1.900 милијарди долари

Саудиска Арабија го демантираше американскиот извештај  во кој се тврди дека принцот Мохамед Бин Салмен ја одобрил операцијата за ликвидација на Кашоги во Турција. Во разузнувачкиот извештај предаден на Конгресот се вели дека во убиството на новинарот во саудискиот конзулат во Истанбул во 2018 година биле вмешани дваесетина луѓе блиски до принцот. Американските обвинувања би можеле да имаат долгорочни последици на односите меѓу западот и Саудсика Арабија.

Преставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа пакет на финансиска помош во вредност од 1.900 милијарди долари за санирање на последиците од корона пандемијата. По повеќечасовна расправа, законот беше усвоен со 219 гласови за и 212 против, што покажува остра поделеност меѓу демократите и републиканците. Републиканците сметаат дека законот е премногу скап и лошо распределен. Текстот следната недела ќе биде ставен пред Сенатот.  

Илјадници морски желки се пуштени во водите на Мексиканскиот залив откако поради рекордно ниските температури се насукале на јужните брегови на Тексас. Во волонтерска акција биле извадени и згрижени над 5.000 желки, кои граѓаните повторно ги враќаат во нивната природна средина.